E-Matrix: нова технологија гарантира мазна кожа

Eric Eggly-Owner/PhotographerТехнологијата е-Matrix е најновото ремек-дело за фракциско подмладување на кожата.

Додатокот е првиот во светот кој ја користи технологијата на фракциска радио фреквенција (сублативно подмладување).

Што значи фракциско подмладување?

Радио фреквентната фракциска енергија влијае врз епидермот и дермот преку матрица од микро -електродни биполарни елементи.

Резултатот е термичка аблација (отстранување на горниот микро- слој на остарена и оштетена кожа) и коагулација на точно разграничени кожни места со микроскопски големини.

Кожата која ја опкружува обработениот дел служи за “резервоар” на клетки, и на тој начин го забрзува заздравувањето на кожата, го стимулира нејзиното обновување и го интензивира лековитиот ефект.

Резултатите од овој метод се многу потрајни, ефикасни и безбедни.

Додатокот на е-Matrix е дизајниран така да додава диференцирано топлинска енергија кон кожата, низ многу микроскопски електроди. Апаратурата e-Matrix е апсолутно безбедна и ефикасна за подмладување на секој тип на кожа.

eMatrix_3