Подмладување и затегнување

Врати ја младоста со подмладување на кожата!

111

ELOS- подмладување на кожата е високотехнолошка естетска процедура.

ELOS значи “електро- оптички синергизам”. Системот за подмладување на кожата работи  со комбинирање на светлосна енергија со струја со висока фреквенција. Како резултат на комбинацијата на енергии, длабочината на влијанието, што не предизвикува оштетување на кожата, е 20-30% поголема во споредба со употребата само на светлосна енергија.

Ефектот е стимулирање и изработка на сопствен колаген- еластинов комплекс, се враќа овалот на лицето и се измазнуваат брчките.

Ова е најефикасниот метод за подмладување и неоперативно пеглање на лице, гради, очни капаци, чело, јагодички. Ги отстранува сите траги на времето: брчки, пигментација од различно потекло, васкуларни дефекти, лузни, отоци и темни кругови околу очите.

ELOS- неоперативен лифтинг е високо технолошка естетска процедура на технологијата Elos за затегнување на кожата.

Тоа е апсолутно безбеден, нов метод за затегнување на кожата без никакви оштетувања и најдобрата алтернатива на хируршка интервенција. Резултатот ќе го забележите веднаш по првата процедура!

При процедурата не настануваат никакви компликации. Нема болка, изгореници, отоци и црвенило, а после години нема да добиете пигментни дамки со нејасно потекло. Веднаш по процедурата можете да уживате во идеална кожа, со нежна и здрава руменина и можете веднаш да го продолжите денот.