Професор д-р Йенс-Уве Щолценбург – главен консултант и раководител на екипа лапароскопски операции

Uve 2Професор д-р Јенс-Уве Штолценбург – главен консултант и раководител на екипа лапароскопски операции,творец на некои од најчесто применуваните техники за лапароскопско и роботизирано лекување на простата, мочен меур, уретра, бубрези.

Автор на редица учебници и студии на долниот мочен тракт кај мажи и жени, меѓу кои и учебникот за „Ендоскопска екстраперитонејална радикална простатектомија: лапароскопска и роботизирана хирургија” (Endoscopic Extraperitoneal Radical Prostatectomy: Laparoscopic and Robot-assisted Surgery).

Со огромно искуство во лапароскопската и роботизирана хирургија на простатата, мочниот меур, уретрата, бубрезите.

Предавач и демонстратор на живо (т.нар. live surgeries) на исклучиво прецизна техника на сите уролошки форуми.

Секоја година води мајсторски клас во British Association of Urological Surgery.

Раководител на меѓународен проект за изградба на Уролошка болница во Камерун.

Од 2005 г. е шеф на одделение „Урологија” в Универзитетската болница во Лајпциг, Германија.

Oд 2002 г. е раководител на Меѓународниот центар за обука во лапароскопска урологија.

Во 2003 г. се хабилитира, а од 2007 г. е универзитетски професор во Лајпциг, Германија.

2007 г. – Избран за почесен член (Fellowship ad hominem) на Кралскиот колеџ на хирурзите во Единбург (Институцијата е создадена во 1505 г., ужива меѓународен престиж и има преку 17 000 членови во целиот свет.) Уште на 42 години, тој е најмладиот специјалист со таква почесна титула во историјата на Кралскиот колеџ, Единбург.

2010 г. – Првиот германски хирург, избран за почесен член на Кралскиот колеџ на хирурзите на Англија (Кралскиот колеџ на хирурзите од Англија, чии што корени датираат от далечната 1540 г., е основан за време на владеењето на Хенри VIII и е една од најстарите медицински асоцијации за хируршки дисциплини во светот).