Ласер за третман на СТРИИ

Стриите се линеарни лузни, формирани, кои се формираат од нагло истегнување на кожата, што покрива слабо сврзно ткиво. Најчесто засегнатите области на телото се стомакот, колковите, бедрата и градите.

Стриите се појавуваат во периоди кога на кожата и е потребно брзо да се растегне – во период на бременост, при брзо здебелување, при брз раст, при започнување на интензивно спортување, а исто така и при хормонски нарушувања. Според медицински истражувања над 90% од жените добиваат стрии за време на бременоста или веднаш по раѓање.

983624_336767893116927_1998000211_n

Palomar Lux500 е единствената потврдена технологија која докажано влијае врз стриите и го помага изедначувањето на кожата. Со ласерската технологија на Palomar во Хил клиник можат да се третираат сите лузни од стрии, без разлика на длабочина, боја на кожа или поминато време. Третираното ткиво се заменува од здрава, нормална кожа, а исто така ефикасно се делува и врз хипо- и хипер- пигментацијата.

Palomar Lux500 е неаблативен, што значи дека ја третира кожата во длабочина, задржувајќи го површинскиот слој. Ова го прави уникатна технологија со ефективни резултати без несакани ефекти. Самата процедура е целосно безболна и со минимален реконвалесцентен период.

Неаблативниот ласер емитува фракциски зрак (зракот се пропушта низ микро- решетка која го распрснува на повеќе минијатурни зраци), кој достигнува на длабочина од 1 мм и активира механизам на интензивно создавање на нови колагенски влакна во пределот на стриите. Свежиот колаген го турка на површината врзивното ткиво од кое се формирани стриите. Ефектот е видлив веднаш по првата процедура.

Со истиот принцип на дејствување Palomar StarLux 500 влијае на лузни од секакво потекло – акни, операции.