Тест за толеранциjа на храни ПОДАРОК: Консултациjа со нутриционист

d290_1935Дали ви се случило да ве боли глава после јадење?

А дали ви се надул стомакот од консумирање на некоја храна?

Дали сте добиле осипување по добар оброк на чоколадо?

Дали понекогаш имате чувство на слабост, замор, апатија, главоболка, депресија или болки во мускулите без посебна причина?

Ако некои од овие поплаки ви звучат познато, проблемот може да се крие во храната за која организмот ви дава сигнали дека не ја поднесува добро.

За разлика од прехранбената алергија која е итна реакција на телото на некоја храна, нетолеранцијата на храна се манифестира побавно – од неколку часа до неколку дена по моментот на земање на некоја храна.

Најчести храна, од кои организмот пројавува нетолеранција се пченицата, различни млечни производи, чоколадо, јајца, агруми, додатоци во храна и пијалаци, апетисани, алкохол, чај и кафе. Симптомите поврзани со нетолеранцијата се многу поразлични од овие на класичните алергии, и организмот може да реагира секогаш на различен начин од ист производ.

Ако се сомневате дека вашиот организам ќе пројавува нетолеранција кон конкретна храна или групи на храна, не смеете да ја игнорирате вашата загриженост. Бидејќи сами не сме во состојба да утврдиме кои прехранбени производи ни предизвикуваат непријатност, најдобро е да побараме стручна помош.

food-pyramid

Тестот за нетолеранција на храна е крвен тест, преку кој се идентификува храната, кон која постои нетолеранција кај организмот. Тој е целосно безболен и безбеден. За да се изврши, потребни се неколку капки крв од прст, а резултатите се готови само за 45 минути!

Тестот покажува зголемена реакција на антитела, изработени од организмот, кон некоја храна или групи на храна. Реакцијата се движи од слаба до умерено јака или јака. Препорачливо е елиминирање на овие производи за минимум 3 месеци.

Секој организам е уникатен и специјалистите во Хил клиник го знаат тоа! Затоа по студијата за нетолеранција на храна ви се препишува консултација со нутриционист. Нутриционистот ќе ви помогне да ја дознаете важноста на резултатите. Ако имате проблем со килограмите, ќе создаде индивидуален режим на исхрана.

Ако немате потреба од контрола на тежината ќе ви помогне да ја балансирате потрошувачката на храна, па да сте секогаш во добра форма.