Процедура HIFU (високофреквентна фокусирана ултразвучна терапија)

technology_p1Процедурата HIFU (високофреквентна фокусирана ултразвучна терапија) е најновата технологија за лекување на карцином на простатата без метастази.

Користејќи фокусирана ултразвучна енергија се уништуваат само клетки погодени од ракот, без да се засегнуваат околните здрави ткива.

Ултразвучниот зрак се концентрира врз точка со големина неколку милиметри. Температурата во фокусната зона достигнува до 70-100 степени за помалку од секунда, што создава оптимална енергија за инвазивни терапија со ултразвучна слика во реално време.

HIFU- технологијата му овозможува на лекарот- специјалист да ја види сликата на туморот во простатата, да “нишани” токму во него и да го уништи со зрак од чиста ултразвучна енергија, без да влијае врз здравото ткиво околу карциномот.

Високофреквентната фокусирана ултразвучна терапија работи на принципот на сончевата светлина, насочена во лупа за зголемување. Користејќи лупа можете да ја фокусирате енергијата на сонцето и да ја концентрирате во точка, и на тој начин дозволувате безбедната енергија на распрснатите сончеви зраци да се трансформира во еден концентриран моќен зрак.

Времето за опоравување на пациентот по HIFU- третманот е значително пократко отколку кај другите видови терапии како радикалната простатектомија. Најчесто пациентите се враќаат во нормалниот начин на живот речиси веднаш по процедура од 2 до 3 часа.

HIFU за прв пат овозможува третман само на засегнатата зона, без да влијае на околните ткива, нерви, садови и органи, со што ги остава несаканите ефекти во минатото.

При особено комплицирани состојби бескрвната и минимално инвазивна терапија може да се комбинира успешно со технологијата Зелен ласер.