Зелен ласер

При зголемена простата Зелениот ласер ве штеди максимално и ве лекува до краj

Moxy_Fiber_Blu_Bkg

Се почесто чувствувате незапирливи нагони за мокрење, а во исто време, кога веќе сте во тоалет, не сте во можност да мокрите дури и со напор. Ви прави впечаток, дека млазот е слаб и тешко прави полукружница, и дури напротив – прекинува и почнува да се одделува на капки. Уште по неприjатно е на излегување од тоалет – немате чувство, дека сте успеале да го ослободите потполно мочниот меур. И не само тоа – веќе спиете немирно и станувате по неколку пати преку ноќ, за да го задоволите нагонот за мокрење.

Никогаш не сте и помислувале, дека еден толку нормален процес како уринирањето може да ви го поремети нормалниот секоjдневен живот. Всушност, овие неприjатни чувства се неразделен дел от животот на милиони мажи по цел свет. Многу од нив ја знаат причината, а на останатите им претстои да ја научат после преглед кај уролог - зголемена простата.

Бенигната хиперплазија на простатата (или аденом на простатата) е распространето заболување, кое што е пропратено од зголемено ткиво на простатната жлезда. По тоj начин таа го зголемува своjот обем. Ако во нормала таа е 30 куб. см,  има мажи, при кои што се согледува 2-3, а во особено пешките случаи и 6-кратно зголемување. Зголемената простата доведува до пореметување во уринирањето. Колку што е поголем неjзиниот обем, толку посериозни се и проблемите, кои што настапуваат во процесот на уринирање на мажот.

Ризикува секој маж над 50. Превенцијата на простатата е важна, за да се спречи задлабочување на процесот. Уролозите се убедени – наjдобрата заштита е редовни контроли, кои што вклучуваат ехографско испитување на обемот на жлездата и испитување за рак на простатата. Световниот медицински стандард препорачува тоа да се прави еднаш годишно каj сите мажи над 50-годишна возраст.

Хил клиник располага со модерно опремено уролошко одделение, во кое што се извршува полна превенциjа на простатата и сите уролошки заболувања.

При зголемена простата има безбеден излез – Зелен ласер

За 2 години во Бугариjа сериозно се прифана модерно лечење со Зелен ласер – последен писок на медицината. Хил клиник располага со единствениот во Бугариjа Зелен ласер, со коj бескрвно, брзо и надежно се отстранува простатното ткиво. Обjавен на најпрестижниот форум  – Американскиот конгрес по урологиjа – за новиот “златен стандард” во лекувањето на аденом на простатата, методот е сигурна алтернатива на отворената хируршка операциjа.

Водечките уролошки клиники по светот и специалисти дават приоритет потполно на оваа револуционерна метода. Во своjот последен годишен извештај Американската уролошка асоциација истакнува уште, дека процедурата со Зелен ласер во светски рамки е омилена метода и се смета за “една од најдобрите можности за лечење на мажи со различен обем на простатата (во тој број и големи – над 100 куб. см)”.

DES_3106-laser-2 (1)

Зелениот ласер не ги содржи познатите досега ризици во простатната хирургија, и поточно:

  • долготраен престоj во болница, коj што е поврзан со честа промена на завои
  • ризик од компликации
  • несакани ефекти – ризик од испуштање на урина, инфекции во мочните канали и траjна повреда на сексуалната функциjа
  • низа ограничувања во секоjдневието
  • освен тоа класичната операциjа не може да се применува каj мажи со компликации во здравствената состојба како диjабет, цироза на црниот дроб, заболување на белиот дроб, бубрези или срцеви болести, висок крвен притисок

За да се достигне до простатата повеќе не се прават резови. Наместо скалпер се користи многу фино оптичко влакно. Тоа се поминува преку природните мочни канали на мажот, стигнува до простатата и таму дава силна светлечка енергиjа, со коjа што ткивото комплетно испарува. Процедурата е високотехнолошка и истовремено многу штедлива за мажот. Нема крв, нема завои, нема шевови. А периодот после операциjата обично поминува без да се забележи.

При процедура со Зелен ласер престоjот во болница е скратен од 1 недела (како што е при отворената операциjа) на 1 ден. Пациентот си оди дома уште на другиот ден со нормално уринирање и и чувство за нормлано ослободување на мочниот меур. Зелениот ласер е одлично решение за мажи, кои се со постојан катетер – после процедурата нема потреба од негово понатамошно користење.

Хил клиник имплементира во Бугариjа и последна генерација ласер за кршење на камења во бубрезите и уринарниот тракт. Со тоа ултра модерно и минимално инвазивно лекување пациентот се збогува со камењата, а следниот ден се враќа дома без кошмарните поплаки.

Уникатниот ласер работи на начин што е радикално различен од досегашната практика – директно врз каменот, без ударни бранови низ телото и без ризик од оштетување на соседните ткива и органи. Ласерската енергија го разбива каменот на помали камчиња, по што целиот материјал се изведува низ уретрата.

Методот е ефикасен кај сите видови на камења – без разлика на големината и локацијата – и гарантира над 95% успех. Ласерот постигнува непознати досега резултати – го вади целиот материjал, кое што го прави посакуван, како од пациентите, така и од уролозите во водечките клиники по светот. Лечењето е поврзано со моментално олеснување на состојбата, брзо опоравување и минимален ризик од компликации.

Другата голема новина е, дека во Хил клиник веќе се прават бескрвни лапароскопски операции при сите урологични заболувања – бубрези, мочен меур, рак на простатата, бенигни и малигни заболувања на уринарно-половиот систем кај мажи и кај жени.

Главна особина кај лапароскопската хирургија е дека оперативната интервенција се врши речиси без резови. Преку 4-5 мали канали во абдоминалниот ѕид, секој со големина 5-10 мм во дијаметар, се доаѓа до органот. Интервенцијата е поврзана со брзо опоравување.

При сомнеж за камења во бубрезите и уринарниот тракт, како и при проблеми со простатата, не се двоумете да се консултирате со специалистите на Хил клиник.

За запишување: тел. +359 2 439 31 33