Презентирани модерни уролошки зафати со употреба на Зелен ласер во Скопjе, Македониjа

greenlight-xps-laser-therapyМодерни уролошки зафати со користење на таканаречениот Зелен ласер при остранување на простатната жлезда, без крварење и скратено времетрање на операцијата, се дел од современите методи кои се применуваат на Хил клиниката во Софија.

Доктор Боцевски истакна дека со Зелениот ласер има голема предност при оперирањето, не се прават резови и нема никакво крварење при остранување на простатната жлезда.

Оваа метода се применува и кај пациенти во подоцнежни години во тешка ризична здравствена состојба со инфаркт, разредување на крв, со оштетен црн дроб итн.

Околу 95 отсто од пациентите ја напуштаат Клиниката за 24 часа. На Клиниката се применува и хомео ласерот кој е наменет за елиминирање камења во мочните канали. Тоа е метода без крвна операција која дозволува дефинитивно да се реши проблемот.

Постоечките ласерски бранови ги кршат или намалуваат камењата, а со хомео ласерот тие целосно се отстрануваат. Тој додаде дека на Клиниката се применуваат и ласери за хирургијата и урологијата со кои има резултати за пократок период, а имаат воведено и лапароскопска операција.

greenlight-1

Овие операции во Бугарија чинат од 3.000 евра, износ кој го покрива целосниот престој на Клиниката. Во Турција овие операции чинат над 7.000 евра, а во Грција и другите западно европски земји до 10.000 евра.

Доктор Боцевски рече дека македонските граѓани можат да воспостават контакт со Клиниката преку нејзиниот веб сајт или да дојдат во Клиниката.

Етикети: , ,