Уникатна операција за лекување на рак на простата се изврши во Бугарија

На 27 јуни во Хил клиник тим од специјалисти – уролози: др. Фернандо Санча, др. Аурел Йовиту, др. Александар Боцевски и др. Георги Георгиев извршија уникатна операција за лекување на рак на простата со високо интензивен фокусиран ултразвук (HIFU).

Пациентот И.В. на 75 години, со дијагноза “Високо диференциран карцином на простата” беше опериран успешно и отпуштен уште следниот ден (28.06.2010 година) во одлична состојба.

d290_511

Процедурата HIFU (високофреквентна фокусирана ултразвучна терапија) е најновата технологија за лекување на карцином на простатата. Користејќи фокусирана ултразвучна енергија се уништуваат само погодените од ракот клетки, без да се засегнуваат околните здрави ткива.

HIFU за прв пат овозможува третман само на засегнатата зона, без да влијае на околните ткива, нерви, садови и органи, со што ги остава несаканите ефекти во минатото. При особено комплицирани состојби бескрвната и минимално инвазивна терапија може успешно да се комбинира со технологијата Зелен ласер.

Етикети: ,