За прв пат во Бугарија – поставување на вештачки сфинктер на мочниот меур

Операцијата се направи на 17.05.2010 година, понеделник, на маж од 50 годишна возраст со оштетување на уринарната функција.

Вештачкиот сфинктер претставува имплантант и е последното достигнување на модерната реконструктивна урологија. Со него конечно се коригира проблемот испуштање на урина. Поставен на местото на нефункционалниот природен сфинктер, тој го држи мочниот меур затворен, ја задржува урината во него и не го дозволува нејзиното спонтано испуштање.

20111216104104263

Функцијата на природниот сфинктер може да биде нарушена по операција на бенигна хиперплазија на простатата, повреди на главниот или ‘рбетниот мозок, радиотерапија, невролошки заболувања како болеста на Паркинсон, мултиплекс склероза и др.

Вештачки сфинктер ги елиминира симптомите на испуштање на урина во 90% од случаите.

Хил клиник ќе продолжи да имплементира нови технологии и методи на лечење.