Ботокс
Токсинот ботулин има локално- парализирачко дејство со што го блокира преносот на нервниот импулс од невронот кон мускулното влакно. На овој начин мускулот останува во трајна состојба на релаксација, односно не се скратува и не ја набрчкува кожата.

Инјектирањето во мали количини директно во мускулатурата предизвикува нејзина релаксација и истовремено пеглање на површинскиот слој на кожата. Уникатноста на препаратот се состои во неговото изборно дејство врз мускулатурата на мимика. Со опуштање и пеглање на одделни мускули на лицето видливо се измазнуваат брчките околу очите (т.н. “. шаткина нога”), челото, меѓу веѓите (т.н. “гневна” брчка). Клиничкиот ефект се одредува од индивидуалните карактеристики на пациентот, но најчесто видлива промена се набљудува помеѓу 7. и 12. ден по инјектирањето.
Ботоксот не е штетен. Тој не се натрупува во организмот, а остава зад себе само “магичен ефект” од пеглање на брчките. Благодарение на овој “магичен ботокс- ефект” лицето не го губи изразот и вие можете да се мрштите, смеете, насмевнувате и изгледате изненадени без при тоа на вашето лице да се покажуваат длабоките линии на времето и емоциите. Вашиот надворешен вид не се менува, а недостатокот на брчки овозможува да изгледате подмладени.
За жал ефектот од инјектирањето не е вечен, а трае приближно 6 месеци. Потоа брчките од мимики постепено се враќаат во својата првобитна состојба.
Запомнете: ботоксот е безбеден препарат што се користи успешно во 58 земји во целиот свет, со над 20 години искуство во неговата употреба спроведени над 230 клинички испитувања во различни држави, а отсуствуваат податоци за можни негативни последици при повеќекратна употреба на препаратот.
Хил клиник, +359 2 439 3131

Български
English
Српски