Простатит
Во Хил клиник применуваат комплексни терапии
Простатит е меѓу најраспространетите уролошки заболувања кај мажите.
Простатит е воспаление на простатната жлезда. Главна причина за неговиот развој е навлегување на инфекција во жлездата. Инфекцијата може да навлезе од мочниот меур, уринарниот канал, дебелото црево по крвни и лимфни садови на карлицата.
Други предиспонирачки фактори се:
- општа настинка
- запек или пролив
- седентарен начин на живот
- продолжена сексуална апстиненција или спротивното- премногу сексуална активност
- хронични воспалителни процеси во организмот
- поминати венерични и уролошки заболувања (гонореја, уретрит)
- сите други состојби, кои водат до пад на имунолошкиот систем – физичко преоптоварување, ненаспаност, нередовна исхрана, стрес
Овие фактори го олеснуваат проникнувањето на микробите во простатата и водат до влошување на снабдувањето со крв до органите на карлицата, до конгестивни процеси, кои допринесуваат за размножување на микроорганизмите и развој на воспалителниот процес.
Како да разбираме дека станува збор за простатит?
Простатит може да се развие одеднаш, како акутно воспаление,придужено со треска, температура 38-39° C, остра болка во слабината и / или во аналната област, болка при мокрење и дефекација.
Често простатит се одвива како компликација на хронична заразна болест, сексуално пренослива-хламидиоза, трихомоназа, уреаплазмоза. Со текот на времето, како по правило, простатит провоцира проблеми со ерекцијата бидеjки воспалителниот процес ги погаѓа нервите, кои поминуваат низ простатата и се одговорни за еректилната функција.
Третманот на простатит е продолжителен и бара максимална соработка со пациентот. За максимален ефект во Хил клиник применуваат комплексни медикаментозни терапии.

Български
English
Српски