Аденом на простатата
Хил клиник располага со единствениот во Бугарија Зелен ласер
Аденом на простатата (бенигна хиперплазија на простатата) е меѓу најраспространетите заболувања кај мажите.
Кај повеќе од 40% од мажите над 50 години се откриваат симптоми на болеста. Првите симптоми се: често мокрење, при што со текот на времето струјатa станува послаба, а потоа мочниот меур почнува да се полни со различни количини резидуална урина, а во екстремни случаи може да досгигне до 1,5 – 2 литри – често резултатот е инконтиненција.
Современата медицина нуди модерно решение за проблемот – PVP (фотоселективно испарување на простата) преку специјално разработен систем – Зелен ласер.

Третманот со Зелен ласер е минималноинвазивен и категорично е алтернатива на хируршката операција на простата. PVP е конечна процедура – т.е. ја отстранува зголемената простата.
Зафатот трае околу 60 минути без сериозни несакани ефекти. Операцијата се врши со специјален ласерски апликатор “Greenlight”. Светлосните импулси на Зелениот ласер се фокусираат кон ткивата на простатната жлезда и се постигнува ефикасно испарување и отстранување на аденомот.
Предностите на PVP пред трансуретралната резекција на простата (TURP) се во минималниот ризик од компликации и несакани ефекти после третманот. Уште следниот ден се забележува подобрување и намалување на симптомите на заболувањето. Има нормално уринирање и целосно ослободување на мочниот меур.
Недостасува крварење – постапката може да се врши дури и кај пациенти, кои примаат лекови за разредување на крвта при придружни срцеви и васкуларни болести. Останатите постапки за отстранување на зголемената простата се поврзани со загуба на крв и не се можни за оваа група пациенти.
Скоро целосниот недостаток на крвозагуба при Зелениот ласер намалува значително времето за операција и анестезија, односно не се губи време за коагулацијата на садовите што крварат, каков кај класичната простатна хирургија.
Пациентите се шетаат уште следниот ден без катетер и обично ја напуштаат клиниката следниот ден.
Ниту еден од постојните методи досега не довел до такви резултати во третманот на аденома на простатата, како и до речиси целосен недостаток на компликации и несакани ефекти. Пост-оперативните несакани ефекти, ако ги има, се минимални и со привремен карактер.
Пациентите се враќаат кон нормалниот начин на живот по неколку дена, а целосното укрепнување трае неколку недели. Во ретки случаи може да има крв во урината, што не претставува опасност и не бара дополнителна медицинска интервенција. PVP не нанесува сериозна штета на ткивото, а аденомата ефикасно се отстранува.
PVP е последното достигнување на модерната медицина во областа за третман на бенигна хиперплазија на простатата, што се нуди во светските водечки уролошки клиники.

Български
English
Српски
