Д-р Деримачковски ќе врши прегледи на простатната жлезда во Скопие и Битола

_MG_8576Од месец юли во просториите на клиники Неуромедика во Скопје (05.10.2018) и Битола (06.10.2018), прегледи ќе извршува д-р Горан Деримачковски, лекар-уролог, специјалист во клиниката Хил.

Ние ви нудиме најдобра уролошка грижа и услуги, а нашиот доктор ќе се погрижи вашата посета да биде пријатна и удобна.

 

Во делот на Урологија ќе се вршат следните услуги:

  • Анамнеза и проценка на тежината на симптомите на долен уринарен тракт по т.н. IPSS (International Prostate Symptoms Score)
  • Дигитален ректален преглед (DRE) на простатната жлезда
  • Трансабдоминална екографија на простатна жлезда со измерување на обемот и интравезикална проминенција
  • Трансректален ефографски преглед на простата со бипланарна сонда и измерување на обемот на транзиторната зона
  • Пресметување на PSA Density ( густина на PSA маркерот на простата) – кај пациенти до готов резултат на Tpsa
  • Урофлоуметрија – компјутерско испитување на млазот
  • Измерување на резидуална урина
  • Ехо на бешика (за камен, тумори на бешика, дверикули и резидуална урина)
  • Ехо на бубрези (дијагностика на камен, застој, тумори)
  • Ехо на скротум и тестиси (дијагностика на тумори на тестиси, хидроцеле, варикоцеле)

Д-р Деримачковски ќе врши прегледи во клиниките на Неуромедика во

Скопје, ул. „Јордан Мијалков“ бр. 62 – за Скопје закажување на телефонскиот број +389 2 313 33 13

Битола, ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ бр. 26 – закажување на телефонскиот број +389 47 252 255

cancer простатна жлезда д-р Деримачковски