Хил клиник имплементира во Бугариjа и последна генерација ласер за кршење на камења во бубрезите и уринарниот тракт

symptoms_and_signs_of_kidney_stones_589_xСо тоа ултра модерно и минимално инвазивно лекување пациентот се збогува со камењата, а следниот ден се враќа дома без кошмарните поплаки.

Уникатниот ласер работи на начин што е радикално различен од досегашната практика – директно врз каменот, без ударни бранови низ телото и без ризик од оштетување на соседните ткива и органи. Ласерската енергија го разбива каменот на помали камчиња, по што целиот материјал се изведува низ уретрата.

Методот е ефикасен кај сите видови на камења – без разлика на големината и локацијата – и гарантира над 95% успех. Ласерот постигнува непознати досега резултати – го вади целиот материjал, кое што го прави посакуван, како од пациентите, така и од уролозите во водечките клиники по светот. Лечењето е поврзано со моментално олеснување на состојбата, брзо опоравување и минимален ризик од компликации.

Заболувањето – камен во бубрегот е многу распространет проблем во човековата популација. Во многу случаи таа се одвива долго време или воопшто е без симптомна. Најчесто се манифестира со силна болка во слбината, крв во урината, температура, повраќање и други општи настани.

Методите за дијагностика се вообичаено  достапни и специјалистите своевремено поставаaт дијагноза – конкремент, камен во бубрегот, уретер, меур, дури и мочен канал.

Одамна првите методи за лекување и отстранување на каменот се минимално инвазивни, односно неоперативни. Само во комплицирани случаи, кога не може да се примени поблаг третман  се преминува на операција.

Ласерското кршење е минимално инвазивно лекување, кое ќе ви овозможи  да се врататите дома уште истиот ден.

urology-ho-yag-laser-lithotripsy-78958-4434539

Лекувањето се врши со помош на ендоскоп (цевка, која се  воведува  во телото преку уринарниот тракт) и ласер,  создаден на база хемискиот елемент холмиј, чија цел е да достигне до каменот. Мало влакно го витка  ендоскопот така што неговиот врв, кој емитува ласерска енергија, да може да достигне до каменот.

Интензивната светлосна енергија го разбива каменот на  помали камчиња, кои се вадат. Ласерската енергија не води до оштетување на соседните ткива, што е голема предност во споредба со надворешното разбивање, при кое ударните бранови поминуваат низ сите ткива и слоеви од кожата на грбот во длабочина до каменот.

Друга голема предност е дека при ласерот воопшто нема ударни бранови, кај него енергијата, што го разбива каменот се пренесува контактно директно од самото оптичко влакно.

Кај апаратите за надворешно кршење брановите се насочуваат во каменот по методата  на пресметка, при што никогаш неможе да се предаде енергија само и точно на каменот, односно распрснување – се намалува ефикасноста на разбивање,  времето за постапката се продолжува, дополнително се травмира органот, кој страда од каменот.

Ласерската литотрипсија носи значително помал ризик од компликации во споредба со extracorporeal shock wave lithotripsy, надворешното разбивање со машина со ударни бранови. Кршење на камења со помош на  holmium laser се карактеризира со висок степен на успех и минимален ризик од компликации при сите видови камења.

Најдобра проценка за соодветен метод на лекување може да биде направена од страна на специјалист-уролог, кој ќе го испита целиот компле на  податоци и услови, за да се реши проблемот   безболно и целосно.

Предности:

  • непосредно смирување на состојбата
  • во повеќето случаи се враќате дома уште истиот ден
  • брзо закрепнување, минимизирање на компликациите
  • ефикасност за сите видови камења
  • над 95% успех од лекувањето

Во Хил клиник веќе се прават бескрвни лапароскопски операции при сите урологични заболувања – бубрези, мочен меур, рак на простатата, бенигни и малигни заболувања на уринарно-половиот систем кај мажи и кај жени.

Главна особина кај лапароскопската хирургија е дека оперативната интервенција се врши речиси без резови. Преку 4-5 мали канали во абдоминалниот ѕид, секој со големина 5-10 мм во дијаметар, се доаѓа до органот. Интервенцијата е поврзана со брзо опоравување.

При сомнеж за камења во бубрезите и уринарниот тракт, како и при проблеми со простатата, не се двоумете да се консултирате со специалистите на Хил клиник: +359 2 439 31 31.

Етикети: , ,