Простатит

Во Хил клиник применуваат комплексни терапии

Простатит е меѓу најраспространетите уролошки заболувања кај мажите.

Простатит е воспаление на простатната жлезда. Главна причина за неговиот развој е навлегување на инфекција во жлездата. Инфекцијата може да навлезе од мочниот меур, уринарниот канал, дебелото црево по крвни и лимфни садови на карлицата.

Други предиспонирачки фактори се:

  • општа настинка
  • запек или пролив
  • седентарен начин на живот
  • продолжена сексуална апстиненција или спротивното- премногу сексуална активност
  • хронични воспалителни процеси во организмот
  • поминати венерични и уролошки заболувања (гонореја, уретрит)
  • сите други состојби, кои водат до пад на имунолошкиот систем – физичко преоптоварување, ненаспаност, нередовна исхрана, стрес

Овие фактори го олеснуваат проникнувањето на микробите во простатата и водат до влошување на снабдувањето со крв  до органите на карлицата, до  конгестивни процеси, кои допринесуваат за размножување на микроорганизмите и развој на воспалителниот процес.

Како да разбираме дека станува збор за простатит?

Простатит може да се развие одеднаш, како акутно воспаление,придужено со треска, температура 38-39° C, остра болка во слабината и / или во аналната област, болка при мокрење и дефекација.

Често простатит се одвива како компликација на хронична заразна болест, сексуално пренослива-хламидиоза, трихомоназа, уреаплазмоза. Со текот на времето, како по правило, простатит провоцира проблеми со ерекцијата  бидеjки воспалителниот процес ги погаѓа нервите, кои поминуваат низ простатата и се одговорни за еректилната функција.

Третманот на простатит е продолжителен и бара максимална соработка  со пациентот. За максимален ефект во Хил клиник  применуваат комплексни медикаментозни терапии.

Етикети: , ,