Mega Pulse Holmium Laser
Иновациски ласерски метод за разбивање на сите видови уролошки камења, без оглед на нивното позиционирање – меур, уретер, бубрег. Минимално инвазивна процедура, продолжува околу еден час. Во повеќето случаи пациентот ја напушта клиниката уште истиот ден.

- Разбивањето е прецизно, под директна видливост.
- Ласерски влијае контактно на каменот без одделување на непотребна енергија, како кај другите процедури со ултразвук и механичка енергија што ги оштетуваат ткивата.
- Енергијата не поминува слој по слој на ткивата што се од горе, како што е кај надворешните методи за кршење – екстра корпоралната литотрипсија- се избегнува траумата врз нив.
- Малите парчиња не остануваат во уринарниот тракт, а се евакуираат во текот на процедурата.
- Може да се третираат тешко достапни конкременти со флексибилни оптички системи.
Овој метод е совршено решение кај пациенти кои сакаат да избегнат оперативна интервенција и бараат минимална инвазивна процедура без одвојување од професионалните обврски.
Погоден е и за пациенти подложени на повеќекратни надворешни процедури на кршење со недоволен ефект, или кај оние кај кои камењата не можеле да бидат елиминирани и исфрлени.

Български
English
Српски
